СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бугарите, Србите, Грците работат по 33 години, а колку работат Македонците?

Македонските граѓаните работат во просек 31,5 години за време на нивниот живот, според истражувањето на Евростат за 2019 година. Минатата година нашата земја била речиси на дното на списокот што ја покажува должината на работниот век во европските земји. Практично, европската статистика покажа дека во нашата земја се работи многу пократко отколку во развиените европски земји, а нешто помалку отколку во потесниот регион.

Така, на пример, просечната должина на работниот век во Бугарија е 33,1 година, во Грција 32,9 години, во Србија е 33 години, а во Турција 29,4 години.

На самиот врв на списокот според должината на работниот век е Исланд, каде што просечниот работен век е 46,3 години, потоа следуваат Швајцарија каде што просечниот работен век е 42,7 години и Шведска каде што просечниот работен век трае 41,9 години.

Заедничко за сите овие земји е тоа што мажите работеле подолго од жените во просек за неколку години.

Најблизок пример за тоа е Црна Гора, каде што мажите работеле во просек 35,4 години, додека жените 28,3 години. Во Хрватска мажите работеле во просек 34,2 години, а жените 30,5 години. Во Италија, исто така, има голема разлика во просечниот работен век на мажите и жените, така што мажите работеле 36,4 години, додека припадничките на понежниот пол работеле во просек 27 години.

Поврзани вести

Обновливите извори на енергија мора да ги потиснат фосилните горива

Влатко Зорба

Само милијардерите ќе ја паметат годинава по добро

msp-admin

Колку и како домашните компании донираа за време на кризата?

msp-admin