СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Тојота“ инвестира сериозни пари во проект за летачко такси

Летачките такси сè уште изгледаат како атракција излезена од СФ филм, но инвестициите во оваа област рапидно се зголемуваат и таквите превозни средства наскоро ќе станат реалност.

Јапонската компанија „Тојота“ реши да инвестира 349 милиони американски долари во стартапот „Joby Aviation“, познат по проектот за електрични авиони. Досега, младата компанија собра 590 милиони американски долари финансирање.

„Joby Aviation“ моментално работи на создавање електричен авион способен да лета со 320 км на час, патувајќи 240 км со едно полнење. Според компанијата, летачките такси-возила ќе бидат 100 пати потивки од конвенционалните авиони за време на полетување и слетување и скоро без бучава при летање.

Според официјалното соопштение, во рамките на партнерството „Тојота“ ќе се занимава и со производство на авионите, а ќе му помогне на „Joby“ во контролата на квалитетот.

Поврзани вести

Амбициозна цел на ЕУ: Вработување на најмалку 78 од 100 лица на возраст од 20 до 64 години до 2030 година

Влатко Зорба

Amazon може да банкротира до 2030 година

msp-admin

Елон Маск ги навреди Египќаните: Пирамидите биле изградени од вонземјани

msp-admin