СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Управа за финансиско разузнавање: Секогаш кога постојат основи на сомневање за сторено кривично дело, веднаш ги известуваме надлежните државни органи

Управата за финансиско разознавање, по низата текстови врзани за криминал, како што е перењето пари, упати соопштение во кое вели:

Имајќи го предвид интересот на јавноста и присутноста на текстови во однос на активностите за спречување перење пари и надлежностите на Управата за финансиско разузнавање, со цел прецизна информираност, го испраќаме ова известување со појаснување на институционалните надлежности.

Согласно со законските одредби, поконкретно членот 118 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, секогаш кога постојат основи на сомневање за сторено кривично дело перење пари и/или финансирање на тероризам, Управата веднаш ги известува надлежните државни органи, како на пример Јавното обвинителство, кои одлучуваат за натамошните дејствија. Управата нема законска надлежност и ниту доставувала известување до супервизорските органи, како што се Комисијата за хартии од вредност, Народната банка, Агенцијата за супервизија на осигурувањето и сл., што е во согласност и со меѓународната пракса.

Поврзани вести

В’лканов: Со инвестиција од над 20 милиони до производство на преку 2.500 тони концентрат месечно во „Злетово” и „Тораница”

Влатко Зорба

Оштетените штедачи од Еуростандард банка поднесоа иницијатива до Уставниот суд

Берта Китинска

Заев: Користењето на ОИЕ и замена на јагленот со гас е еден од најважните стратешки интереси

Влатко Зорба