СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Уште три милиони Американци ги загубија своите работни места, вкупно 36 милиони за два месеци

Пандемијата од коронавирус продолжува да има силно влијание врз пазарот на трудот во САД.

Скоро три милиони луѓе ги загубија своите работни места оваа недела, соопшти Министерството за труд на САД.

Новите 2.981 милиони Американци аплицираа за бенефиции за невработеност, што е дури и повеќе од минатонеделните проценки на околу 2,5 милиони луѓе.

Во изминатите два месеци, повеќе од 36 милиони Американци ги загубија своите работни места.

Од вчера, во САД се регистрирани 1,39 милиони случаи на заразени со коронавирус, додека над 85.000 лица починаа.

Поврзани вести

Франција забележа историски пад на БДП од 13,8 проценти во вториот квартал

Stefanija Kuzmanovska

Димитриеска-Кочоска денеска обвини дека не добива податоци за бројките на вработените

Stefanija Kuzmanovska

Телеком го доби тендерот вреден над 6,5 милиони евра за систем за паметно осветлување и платформа за дигитален град

Влатко Зорба