СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ВАРДАРГРАДБА ќе ја реконструира „Орце Николов“ за скоро 1,25 милиони евра

Трговското друштво за производство проектирање и инженеринг ВАРДАРГРАДБА ДОО с.Трубарево – Скопје го доби тендерот вреден 76,520,178 денари или 1,244,231 евра од Општина Центар за реконструкција на ул. Орце Николов во потег од бул. Климент Охридски до ул. Франклин Рузвелт со воведување на нов сообраќаен режим (кружен тек и пешачки патеки), реконструкција на тротоарите и улично осветлување.

Според сајтот на е-набаки, пристигнале 5 понуди за тендерот, од кои највисоката добиена понуда била 79.257.772,60 денари, додека најниската 49.860.703,51.

Поврзани вести

Народна банка: Вкупните депозити бележат годишен раст од 5,2 проценти

Александар Петровски

Не очекувам оваа година да има зголемување на цената на струјата, смета Бектеши

Влатко Зорба

Отпис на камати: Нужно зло или обична козметика?

Влатко Зорба