СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Visa истражување: Голем потенцијал за раст на употребата на дигитални паричници

Над една третина од потрошувачите во Македонија користат паметни телефони за плаќање и извршување на трансакции, додека 61 процент од сите испитаници се заинтересирани да ја користат оваа опција за плаќање во иднина. Регионалното истражување спроведено од Visa покажува зголемена свест кај граѓаните од Македонија за потребата од примена на современи технологии, откривајќи и значителен простор за подобрување на прифаќањето на иновативни опции за бесконтактни плаќања од страна на трговците.

Една четвртина од испитаниците започнале да ги користат паметните телефони за плаќање за време на пандемијата. Исто така, 84 проценти од анкетираните наведоа дека нивното лично искуство со различни начини на плаќање е клучен двигател за нивниот избор на начин на плаќање. Повеќето од учесниците во истражувањето ја наведуваат практичноста (56 проценти), без ризик за губење на паричникот (47 проценти) и брзината (41 процент), како најголеми придобивки од плаќањата преку мобилен телефон.

Половина од испитаниците веруваат дека користењето на паметен телефон како начин на плаќање е безбедно. Сепак, скоро третина од потрошувачите изјавиле дека недостатокот на прифаќање на технологијата е неповолна положба, што укажува на ограничен број места каде што се можни такви плаќања.

На прашањето да ги наведат сите добра и услуги за кои испитаниците се подготвени да платат со своите паметни телефони, месечните сметки се на врвот на списокот (67 проценти), а потоа следуваат услугите за паркирање (61 процент). На трето место се плаќањата во продавници, кафулиња и ресторани (52 проценти), билети за театар, кино и јавен превоз веднаш зад нив (50 проценти). Следни на ред се нарачката на храна (49 проценти), како и туристичките аранжмани за патувања и мебелот (43 проценти). Една третина од испитаниците во истражувањето би користеле мобилно плаќање при купување на автомобил.

„Ние веруваме дека мобилните плаќања наскоро ќе станат дел од секојдневната рутина на сите во ЈИЕ регион, бидејќи тие нудат погодност, брзина и безбедност заради иновативните методи за проверка преку отпечатоци од прст и лична идентификација. За прифаќање на новите технолошки решенија е потребно време, но мобилните плаќања треба да се гледаат како нова форма што ќе овозможува технолошкиот развој слично како и безконтактните картички на почетокот кога беа воведени. Со оглед на запознаеноста и употребата на безконтактна технологија во сите земји од регионот, сметаме дека прифаќањето на мобилни плаќања може да дојде со уште поголема брзина“, изјави Владимир Ѓорѓевиќ, генерален менаџер на Visa за Југоисточна Европа.

Кога станува збор за регионот, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина бележат добри резултати, со што околу една четвртина од корисниците преферираат да плаќат со своите паметни телефони. Во Албанија, само 10 проценти ја користат оваа опција за плаќање.
И покрај различните навики, истражувањата покажуваат дека клиентите од регионот покажуваат подготвеност да прифатат современи технологии, како и да ги тестираат новите карактеристики што ги нудат паметните телефони.

Поврзани вести

Почна исплатата на повратот на ДДВ за третото тромесечје

Никола Поповски

Ангелоска-Бежоска: Размената на искуства со европските колеги и стекнувањето нови знаења е постојана заложба на Народната банка

Влатко Зорба

Акциите на светските берзи со најголема неделна загуба