СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Влегување со стил: Милјардер инвестира МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ во криптовалути

Американскиот милијардер и инвеститор Карл Икан планира да влезе на пазарот на криптовалути со стил со инвестиција од повеќе од милијарда долари во алтернативни валути.

Иако Икан сè уште не инвестирал во ниту една криптовалута, милијардерот рече дека го проучува биткоинот, етереумот и крипто-секторот во целина за да утврди каде има најдобри шанси.

„Алтернативните валути добиваат популарност како природна манифестација на инфлација во економијата. Критиката за криптовалутите дека немаат основна вредност е погрешна. Колкава е вредноста на доларот? Единствената вредност на доларот е затоа што можете да го користите за да плаќате даноци“, рече тој. „Го гледам целиот бизнис (со криптовалути) и како би можел да се вклучам во тоа“, рече Икан.

Милијардерот исто така рече дека верува оти луѓето се свртуваат кон алтернативни валути затоа што со некои делови на берзата се тргуваат по „смешни цени“. Тој истакна дека не мисли само на оние што активираат таканаречени меме акции (meme stocks), туку и на одредени стратегии што ги нудат портфолио менаџерите.

„Не мислам дека Reddit и Robinhood и овие момци се нужно лоши, мислам дека имаат цел. Парите се враќаат на компаниите. Можеби некои од овие компании се добри, но за некои од нив наградата за ризик е апсурдна“, рече Икан.

Поврзани вести

Китанов и Сугарески: Годинава ќе ја завршиме со преку 80 проценти реализација на капиталните инвестиции во нашиот ресор, парите од патарините одат за одржување на патиштата

Никола Поповски

Арсовска: Приватниот сектор очекува тешка 2020 година

Никола Поповски

Владата ја објави листата на граѓани кои ќе добијат помош со четвриот сет мерки

Берта Китинска