СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Во јануари реализирани 97,02 осто од планираните приходи по основ на даноци

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска одговорајќи на новинарско прашање соопшти дека планираните приходи за јануари 2021 година изнесувале 6,521 милијарда денари и дека од планираното е реализирано 97,02 отсто.

Одделно, прибрани се 703 милиони по основ на данок на добивка, 1,332 милијарда денари од данок на личен доход и 4,486 милијарди од ДДВ.

– Со тоа што го имаме како состојба од 1 до 31 јануари и од 1 до 5 февруари 2021 година, досега имаме 6.830.094.291 денари и ако го споредиме со истиот период лани сега имаме раст од 12 проценти. Но, за февруари да почекаме да заврши целиот месец за да ја имаме и комплетната слика за првите два месеца од оваа година, истакна Лукаревска.

Поврзани вести

Ангеловска: Ја стимулираме продуктивноста со активните мерки

Бочварски: Изградбата на магистралниот гасовод Куманово-Штип-Прилеп-Битола е со 90 процентна реализација

Во мај само 838 туристи, 99,2 отсто помалку од лани