СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Во новиот мандат СДСМ ќе обезбеди нови 100 000 работни места и рекорден раст на платите

СДСМ како одговорна партија за помалку од три години, преку успешни економски политики, успеа да ја извади државата од финансискиот колапс во којшто беше заглавена. Успеавме да ја кренеме економијата и да ја поставивме на стабилни и реални основи, изјави на денешната прес конференција Кирил Колемишевски, претседател на Комисија за економија на СДСМ.

-До крајот на мандатот, до 2024 година, ќе отвориме 100.000 нови работни места. Ако за 2,5 години успеавме да отвориме 60.000 конкретни работни места главно во реалниот сектор, знаеме и можеме за полн мандат од 4 години да отвориме 100.000 нови работни места.

Поддршката за домашни и странски инвестиции ја зголемуваме и ја проектираме во износ од 300 милиони евра до крајот на мандатот. На ова додаваме уште 300 милиони евра европски средства за развој на домашната економија. Тоа се вкупно 600 милиони евра за развој на бизнисот, за фирмите, за нови работни места, за иновации, за стартапи, за младите, за работа тука дома, во нашата татковина.

Невработеноста ќе ја донесеме под 8%, а кај младите под 20% кај младите.

Денес оваа стапката на невработеност изнесува 17,1 кај општата популација и 35 отсто кај младите и е сериозно намалена во споредба со 2017 година.

Во новиот мандат растот на платите продолжува и тој ќе биде и уште побрз и посилен. Просечната плата ќе порасне на 36.000 денари, а минималната на 18.000 денари или 600 евра просечна и 300 евра мининална плата.

Платите на вработените во образованието и здравството ќе пораснат за 20 отсто.

Продолжува и субвенционирањето на придонесите за сите компании коишто ќе ги зголемат платите од 600 до 6000 денари по вработен.

Почитувани,

Во наредниот мандат акцент ставаме и на  унапредување на условите за работа во ИТ индустријата како генератор на илјадници добро платени работни места.

Така што, до 2023 година персоналниот данок во ИТ индустријата го намалуваме до 0%.

Заедно со мерките на повраток на персоналниот данок, директно во самата индустрија, за конечно сите во ИТ индустријата да плаќаат 0% данок.

За оние кои сакаат да се обучуваат, доообучуваат или преквалификуваат, ќе обезбедиме целосен поврат на персоналниот данок за обука, дообука и преквалификација.

Младите се во фокусот на нашата нова програма и покрај младинскиот додаток на плата од 3.000 денари, уште повеќе инвестираме во нашите млади и во намалувањето на младинската невработеност.

Почитувани,

Во наредните 4 години развиваме целосно нови стратегии преку грантови или неповратни средства од 5.000 до 15.000 евра за млади и за жени за отворање на сопствени бизниси, кадешто државата го презема поголемиот дел од ризикот при евентуален неуспех.

Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години. Парите ќе одат директно на сметка кај младите.

Ова е дел од економската понуда во новата Програма на СДСМ со којашто настапуваме пред граѓаните.

Убедени сме дека граѓаните ќе ја препознаат  чесната понуда наспроти лажните ветувања и ќе дадат поддршка на концептот на СДСМ што носи повеќе пари кај секој граѓанин, кај секое семејство, заврши Колемишевски.

Поврзани вести

Цените на горивата остануваат непроменети

Берта Китинска

Берза го објави месечниот билтен: Пад на вкупниот промет и бројот на трансакции (инфографик)

Влатко Зорба

Објавена листата на граѓани коишто се добитници на ваучери за домашен туризам