СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАТЕХНОЛОГИЈА

Маск ќе воведе вселенски интернет на Марс

Компанијата „Space X“ има намера да изгради мега-мрежа на сателити „Starlink“ околу Марс за да обезбеди Интернет за милиони луѓе што компанијата планира да ги испрати во процесот на колонизација на црвената планета. Мрежата ќе служи и како комуникациски мост помеѓу Марс и Земјата.

„Откако ќе ги донесеме луѓето на Марс, ќе им треба способност да комуницираат“, рекол претседателот и извршен директор на „Space X“, Гвин Шотвел, во интервју за Тајм, објавено на Јутјуб.

Во исто време, Шотвел истакнал дека тие не се откажуваат од Земјата, туку се обидуваат да му дадат уште една шанса на човештвото во случај да се случи нешто страшно на нашата планета.

Се очекува сателитите не само да им овозможат интернет на жителите на Марс, туку опремата ќе делува како мост за комуникација на црвената планета со Земјата.

Директорот на „Space X“ потсети дека Елон Маск ја основал компанијата поради изградба на вселенски транспорт што им овозможува на луѓето да патуваат на други планети.

Компанијата веќе лансираше 835 сателити „Starlink“ во орбитата на Земјата, мрежа на сателити дизајнирани да обезбедат широкопојасен интернет, а последното лансирање било на 18 октомври. Вкупно, се планира да се лансираат околу 12 000 сателити во орбитата.

Поврзани вести

Османи: Патната и железничката инфраструктура помеѓу С. Македонија, Бугарија и Албанија е од интерес за целиот Европски континент

Влатко Зорба

Zoom енкрипција „од крај до крај“ за сите корисници

msp-admin

Засилени контроли за новогодишните празници, најавува Инспекцискиот совет

Берта Китинска