СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Комора на сметководители: Министерот за финансии да го сопре самоволието во институцијата која ја води

Сметководствената професија е крвотокот на економијата и од нејзиното професионално и ефикасно извршување зависат сите економски процеси во општеството. За да се воспостави окружување во кое сметководители ќе можат да работат согласно сметководствените стандарди и достоинствено ќе живеат од својата професија, Комората на сметководители апелира дека е неопходно донесување на нов Закон за сметководствени работи и повлекување на законските измените кои се веќе во собраниска процедури бидејќи со нивно носење уште повеќе ќе се нарушат лошите услови за работа.

„Комората на сметководители континуирано апелира за потребата од унапредување на професијата, но во пракса продолжува самоволието во постапување на Секторот за финансиски систем во Министерството за финансии. Наместо повлекување на предлог-законот за измените на Законот за вршење сметководствени работи од собраниска процедура и конечно формирање на работна група за креирање ново законско решени, предлог-законот е ставен на дневен ред на 34 седница на Собрание, закажана за 16.02.2021година и тоа со европско знаменце, со што се забрзува постапката на негово донесување. Од овие причини, Комората на сметководители бара итна средба со Министерот за финансии и претставници од Секторот за финансиски систем кои се одговорни за поднесување на овие предлог измени бидејќи тие се крајно дискриминирачки и дополнително ја загрозуваат професијата. Мора да се стави крај на ваквите перфидни обиди за исполнување на лични интереси на поединци “, изјави Александра Андреева, член на Управниот одбор на Комората на сметководители.

Со предложените законски измени меѓу другото се предвидува слободен влез во професијата на странски државјани од земјите членки на Европската економска заедница. Нагласуваме дека ЕУ не бара вакво усогласување, што значи дека со оваа манипулација во законското решение само се прави упад на пазарот на даватели на сметководствени услуги од странство и се дискриминираат и загрозуваат сметководителите во земјава кои истото право не можат да го остваруваат интернационално. Со законските измени се даваат и рокови за превод за сметководствените стандарди, активност која не може квалитетно да се заврши се додека имаме Институт на сметководители и овластени сметководители, кој го води претседател кој речиси три години е во оставка и органите на управување се со истечен мандат.

„Министерството за финансии согласно своите надлежности мора да воспостави функционален Институт и да го повлече предлог-законот. Но доколку и понатаму продолжи немањето слух за реалните проблеми, Комората на сметководители ќе преземе радикални мерки кои ќе останат на сила се до исполнување на барањата“, изјави Андреева.

Комората ја информира јавноста и дека по одбивањето на барањето за одложување на роковите за поднесување на завршни сметки и финансиски извештаи од страна на Министерството за економија, одлука поддржана и од Министерството за финансии, Комората поднесе иницијатива за амандманска интервенција од страна на народните избраници во Собранието.

„И покрај сите реакции на Комората на сметководители до надлежните институции за исклучително тешките услови за работа на сметководителите во ек на пандемија, каде спроведувањето на сите економски мерки беше токму на наш терет, овој период дополнително обременети со ригидни рокови за годишни сметки и финансиски извештаи, Министерството за економија во консултација со Министерство за финансии, натаму остануваат глуви за нашите барања за одложување на роковите. За жал, ова повторно го потврдува впечатокот дека за државата статистичките податоци се приоритет наспроти зачувување на здравјето на граѓаните. Имајќи предвид дека нашите барања не се нереални, напротив, само ја отсликуваат реалноста на проблемите со кои се соочуваме години наназад, Комората на сметководители ги достави своите барања во вид на амандмански измени до пратеничките групи во Собранието“, рече Благоја Грозданов, член на Управен одбор на Комората на сметководители, кој потенцираше дека одлуката по ова прашање треба да се донесе час поскоро, имајќи предвид дека роковите наближуваат и секое дополнително одложување на нејзино носење само ја зголемува неизвесноста и стресот кај сметководителите.

Се надеваме, истакна Грозданов, дека пратениците ќе имаат разбирање и ќе излезат во пресрет на доставеното барања да иницираат дополнување на измени во Законот за трговски друштва, кој е во фаза на прво читање во собраниска процедура на донесување, со што ќе ја исправат грешката и нанесената неправда кон сметководителите од страна на Министерство за економија.

Комората на сметководители во рамките на своите предлози за петтиот сет економски мерки побара пролонгирање на роковите за поднесување на годишни сметки и финансиски извештаи до 30.04 за хартиени поднесоци и 15.05 за електронски поднесени, за што изготви и компаративна анализа со европските земји каде сите имаат значително подолги рокови од оние со кои ние се соочуваме, и тоа во време на пандемија.

Поврзани вести

За десетина дена се враќа платниот промет во Пошта

Влатко Зорба

КСС: Невработените да се ослободат од плаќање на сметките за струја и вода

Берта Китинска

Здружение на оштетени штедачи: Апел за правда преку приоритетно постапување на Уставниот суд

Влатко Зорба