СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Мислел дека должи 730.000 долари: Семејство го тужи „Робинхуд“ за самоубиство

Семејството на 20-годишен студент кој изврши самоубиство ја тужи брокерската платформа „Робинхуд“ за неговата смрт. Според тужбата што ја поднеле до државниот суд во Калифорнија, се наведува дека поради „лошата комуникација“, нивниот син се испаничил поради, како што погрешно верувал, огромните долгови што ги насобрал со тргување со акциите.

„Робинхуд“ го информирал Алекс Кернс во јуни за, како што смета, загуба од 730.000 американски долари и, бидејќи не можел да искомуницира со никого од компанијата, паднал во тешка психичка состојба.

Од стравот дека семејството ќе мора да го врати неговиот огромен долг, Алекс се фрлил под воз, се наведува во тужбата.

„Очајни сме поради смртта на Алекс Кернс“, се вели во соопштението на „Робинхуд“. Додаваат дека работат на промени, вклучително и подобрување на едукативните материјали и поголем број вработени кои ќе обезбедат поддршка во живо за корисниците.

Алекс бил заинтересиран за инвестирање и отворил сметка во „Робинуд“ пред да заврши средно училиште. На веб-страницата на апликацијата, каде што секој може да купува и продава акции без провизија, се наведува дека нејзината мисија е „демократизација на финансиите“. Родителите на Алекс велат дека наместо тоа, „Робинхуд“ ги насочува младите и неискусни корисници и ги охрабрува да се занимаваат со ризична трговија.

И кога на тие инвеститори им треба помош, како што било случајот со Алекс, „Робинхуд“ не ја обезбедил, се вели во тужбата.

„Мислеше дека му е уништен животот“, рече неговиот татко Ден Кернс во интервју за Си-Би-Ес.

Семејството рече дека тој ја контактирал услугата за клиенти на „Робинхуд“ преку е-пошта, барајќи објаснување во врска со сумите на неговата сметка, но тој добил само автоматски одговор дека ќе биде контактиран.

Кернс очигледно верувал дека има собрано 730.000 долари загуби преку трговијата со „Робинхуд“, многу повеќе од можните 10.000. Во реалноста, загубата беше покриена со други опции на неговата сметка, така што тој немаше долг.

Апликацијата „Робинхуд“ неодамна го привлече вниманието на јавноста кога помогна во огромен скок на акциите на продавачот на видео игри „Гејмстоп“ и други компании кои не се интересни за хеџ-фондовите од Волстрит. Таа епизода беше опишана како револуција во аматерската трговија.

„Робинхуд“, сепак, ја ограничи продажбата на најнестабилните акции на 28 јануари, што предизвика бурни реакции од корисниците и барање неговите лидери да сведочат пред Конгресот.

Поврзани вести

Huawei ја објави првата европска фабрика за безжични базни станици

Влатко Зорба

Недостатокот на чипови може да влијае и на производството во Порше

Влатко Зорба

Apple почна да плаќа даноци во БиХ

Влатко Зорба