СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Заев: Да ја поддржиме домашната економија, да купуваме домашни производи

Премиерот Зоран Заев денеска ги повика граѓаните да го искористат последниот ден од „Викенд без ДДВ“, за купување македонски производи или услуги, како и за компјутерска опрема.

-Со скенирање на сметките преку апликацијата МојДДВ (во рок од 3 дена од издавањето на фискалната сметка), ќе ви биде вратен целосниот износ на пресметаниот ДДВ од македонски производи и услуги и од компјутерска опрема. Да ја поддржиме домашната економија, да купуваме домашни производи, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Заев.

Поврзани вести

Европскиот пазар на автомобили забележа пад за 7,5 отсто во јануари

Ќе се повлече и ќе се доработува Законот за минерални суровини

Влатко Зорба

Еуроникел Индустри за Општата болница во Кавадарци донираше пет медицински апарати

Берта Китинска