СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Занаетчиите бараат да продолжи поддршката од државата за исплата на минималната плата

Занаетчиите бараат да продолжи поддршката од државата за исплата на минималната плата и субвенции за придонеси додека трае кризата. Според претседателот на Занаетчиската комора и Регионалната занаетчиска комора на Куманово, Агро Фазлии, за десет дена се затворени десет дуќани, претежно фризери.

– Во моментов, би го споредил занаетчиството како пациент болен од КОВИД-19, ставен на респираторна машина. Ако престанат мерките на Владата, занаетчиите ќе ги снема, ќе престанат со работа. Затоа ние побаравме и од оваа и од идната влада што ќе дојде да ги земе предвид нашите барања и да не престане со помош на занаетчиите. Тоа значи дека бараме минимална плата и 100 проценти субвенции додека трае кризата, а наше мислење е дека кризата нема брзо да престане. Доаѓаат септември, октомври, ризични месеци така што бараме до март 2021 година да не престане поддршката, изјави Фазлии.

Во овој период, оцени, криза трпат занаетчиите кои се поврзани со организација на свадби и други веселби, како што се фризери, козметичари, фотографи, кројачи кои речиси и не остваруваат приходи.

На ниво на државата има шест илјади самостојни занаетчии, но со новиот закон се опфатени сите фирми што вршат занаетчиска дејност, приближно околу 20.000. Во Куманово има 600 занаетчии, невклучувајќи ги фирмите.

Поврзани вести

Здравството и економска стабилност приоритет на предлог Буџетот за идната година

Берта Китинска

Преку трите линии бескаматни кредити од Развојната банка обезбедени 44,1 милиони евра за стопанството

Влатко Зорба

Заев: Инвестицијата на „Гересхајмер” е многу важна од областа на здравството и фармацијата

Влатко Зорба