СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Занаетчиската комора изрази загриженост поради доцнењето на петтиот пакет мерки

Занаетчиската комора на Република Северна Македонија изрази загриженост поради доцнењето на петтиот пакет мерки што треба да бидат соопштени во следните денови.

– Ние како институција која се грижи за правата и доброто на занаетчиите, уште еднаш сакаме да ги потенцираме нашите барања за новите мерки се со цел да го задржиме занаетчиството во живот. Бараме финанска помош од државата за занаетчиите за исплаќање на плата до април. Доколку ова не се случи, занаетчиите, препуштени сами на себе, единствен излез гледаат во затворање на своите дуќани. Паушално оданочените занаетчии исто како и фискализираните занаетчии се во тешка ситуација. Според нашите истражувања и анкети, 90 проценти од занаетчиите моментално ги одржува само дадената минимална плата од страна на Владата во претходните месеци. Потребно е сите мерки што ги испративме до Владата и надлежните министерства да се земат предвид, посочи Агрон Фазлији, претседател на УО на ЗКРСМ од Занаетчиска комора на РС Македонија.

Тој додаде дека паушално оданочените занаетчии не можат да аплицираат за бескаматни кредити и поради тоа доколку таа мерка се донесе, занаетчиите воопшто нема да бидат опфатени и нема да можат да си пуштат плата,

Занаетчиите бараат Владата да има целосно разбирање за ситуацијата на моментално најпогодениот сектор во државата од ковид-19, занаетчиството.

– Управниот одбор на ЗКРСМ заедно со мене како претседател, нема да застанеме се додека не ги добиеме бараните мерки, затоа што тие се скромни и реални и се засноваат на аргументи и на моменталната ситуација на занаетчискиот сектор, со цел да се зачуваат работните места. Во случај да не се одобрат барањата на занаетчиите и се донесат други мерки кои нема да им помогнат на занаетчиите, тоа, за жал, ќе значи клуч на врата за многу занаетчиски дуќани, мали семејни бизниси и други микро и мали претпријатија каде што е присутно занаетчиството, додаде Фазлији.

Поврзани вести

Тасева: Најсигурна егзистенција нудат вработувањата во државната администрација

Берта Китинска

НУК: Со кого и за кого Владата ќе го дизајнира и крои петтиот сет економски мерки

Ангела Веселиновска

Пазарниот инспекторат годинава планира 19.211 надзори

Влатко Зорба