СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Шахпаска: Блиску сме до решение недела да биде неработен ден

После денешниот состанок на Економско-социјалниот совет на кој што ја презентирав последната верзија на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, а со кој се регулира денот недела да биде ден за неделен одмор, можам да заклучам дека сме многу блиску до конечното решение, сподели министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Последниот предлог законско решение, вели таа, резултираше после широка дебата во општеството, со синдикатите, со претставниците на коморите, на работодавачите, но и после сеопфатната дебата што се одвиваше во јавноста воопшто.

За работната верзија на предложеното законско решение покрај вицепремиерот Фатмир Битиќи и членовите на ЕСС, свое мислење дале и претставници од Државниот инспекторат за труд.

„Наша задача е да дојдеме до предлог-закон кој ќе биде прифатлив за сите страни што се дел од социјалниот дијалог. Сметам дека документот за кој дискутираме денеска овозможува најголемиот дел од работниците неделата да ја користат за одмор и за семејството. Секако дека работниците коишто работат во дејности во кои работниот процес е од таква природа што не може да се прекине, поради техничко-технолошки процес и потребата од континуитет, како ден за одмор може користат и друг ден од неделата. Начелно има согласност за носење на вакво законско решение и сите засегнати страни имаат позитивен пристап“, посочува Шахпаска.

Поврзани вести

Одобрена првата фаза од постапка за доделување договор за јавно приватно партнерство за дистрибутивниот систем на природен гас

Топ 10 земји во Европа, кои најмногу ги ценaт работниците

Берта Китинска

НС ГРИТГ и МАКАМТРАНС бараат да се обнови листата на работници со бенефициран стаж

Влатко Зорба