Преда плус Фондација започна со 4-тата генерација од програмата „И од Битола се може(и)” во рамките на проектот Битола Старт-ап Центар, преку која се релизира двомесечната програма намената да поддржува иновативни идеи во рана развојна фаза.
– Преку он-лајн апликацијата добивме вкупно 46 бизнис идеи. Комисијата за евалуација на пристигнатите идеи, ги избра најдобрите 25, кои ќе бидат вклучени во програмата, следејќи неколку основни критериуми: иновативност, профитабилност и изводливост на аплицираните бизнис идеи. Стартап програмата во период од 2 месеци ќе понуди менторски услуги за креирање на бизнис модели; тренинзи од еминентни професионалци од македонскиот стартап екосистем за водење на бизнис; можност за вмрежување со бизнис заедницата; презентација на бизнис идеите пред потенцијални инвеститори и финсиска поддршка за најуспешните бизнис идеи. Вкупната вредност на финансиската поддршка што ќе биде распределена на најдобрите бизниси во оваа грантова шема изнесува 740.000 денари, истакна Лидија Ангелова- проектна координаторка на Преда Плус.
На настанот говореа менторите на програмата, доц. д-р Рената Петревска Нечкоска, универзитетска професорка и постдокторантка на Универзитетот Гент, Љупчо Груевски Директор на ПРО ГРУПА, претприемач и ИТ експерт, Гого Рафајловски, Директор на SEEU TechPark, IP консултант и Љубица Ангелкова PR експертка и консултант за маркетинг.
На првата сесија се претставија и сите избрани бизнис идеи, кои се дел од програмата.
Битола Стартап Центар е дел од Локално партнерство за вработување (ЛПВ) Битола е финансирано преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.