СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Зелено светло: Microsoft доби дозвола да купи гејминг гигант

Европската комисија и Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) одобри договор според кој Microsoft го купува ZeniMax Media, кој исто така е сопственик на студиото за видео игри Bethesda.

Регулаторите на ЕУ и САД одлучија дека купувањето на ZeniMax од страна на Microsoft нема да влијае негативно на конкуренцијата на пазарот, ниту во однос на хардверот или софтверот.

Ова значи дека Microsoft наскоро може да ја заврши аквизицијата вредна 7,5 милијарди долари, односно да ја доведе Bethesda под покровителство на конзолата Xbox.

Целокупната зделка веројатно ќе биде готова кон крајот на јуни годинава, а Microsoft веќе потврди дека некои од игрите што ги направи Bethesda ќе им бидат достапни на оние кои имаат GamePass претплата.

Ова е само еден од трансферите во гејмерскиот свет, откако ЕА неодамна го купи студиото Codemasters, а Epic Games ги донесе под својот покрив Tonic Games Group, компанијата одговорна за видео играта Fall Guys на студиото Mediatonic.

Поврзани вести

Авто-индустријата на работ на колапс?

msp-admin

Кинески амбасадор: Лондон ќе сноси последици заради односот кон „Хуавеи“

msp-admin

Балканот би можел да биде еден од победниците во пост-ковид ерата

msp-admin