СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Земји задолжени до „гуша“

Јавниот долг по дефиниција e најголемото должничко портфолио во државата и претставува збир на финансиски обврски создадени со задолжување на централната влада, општините и долгот на јавните претпријатија и трговските друштва во доминантна сопственост на државата или општините.

Според податоците на нашето Министерство за финансии, јавниот долг на земјава, на крајот на март достигна 41,8% од вредноста на бруто домашниот производ (БДП), на крајот на јуни беше на ниво од 50,7%, додека проценките за крајот на годината се дека јавниот долг на Македонија ќе биде 49,6% од БДП.

Минатата година, јавниот долг на земјава беше 48,9% од вредноста на БДП. Но, во светот има многу земји чиј јавен долг е далеку над вредноста на БДП. Меѓу земјите со највисок јавен долг, за минатата година, се најдоа:

Јапонија: 237,69% од БДП

Судан: 207%

Грција: 176,64%

Еритреја: 165,11%

Либан: 155,13%

Италија: 133,15%

Кабо Верде: 123,47%

Португалија: 117,55%

Барбадос: 115,41%

Сингапур: 114,10%

Поврзани вести

Димковски: Трипуновски тотално ги извртува информациите за повратот на персоналниот данок на доход за земјоделците

Влатко Зорба

ФИТР станува првата сертифицирана државна институција со Стандард за спречување на корупција

Влатко Зорба

Економистите децидни: Одлуката да се стави крај на нерентабилното работење на државните загубари е непопуларен, но неопходен чекор

Влатко Зорба