СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Земји задолжени до „гуша“

Јавниот долг по дефиниција e најголемото должничко портфолио во државата и претставува збир на финансиски обврски создадени со задолжување на централната влада, општините и долгот на јавните претпријатија и трговските друштва во доминантна сопственост на државата или општините.

Според податоците на нашето Министерство за финансии, јавниот долг на земјава, на крајот на март достигна 41,8% од вредноста на бруто домашниот производ (БДП), на крајот на јуни беше на ниво од 50,7%, додека проценките за крајот на годината се дека јавниот долг на Македонија ќе биде 49,6% од БДП.

Минатата година, јавниот долг на земјава беше 48,9% од вредноста на БДП. Но, во светот има многу земји чиј јавен долг е далеку над вредноста на БДП. Меѓу земјите со највисок јавен долг, за минатата година, се најдоа:

Јапонија: 237,69% од БДП

Судан: 207%

Грција: 176,64%

Еритреја: 165,11%

Либан: 155,13%

Италија: 133,15%

Кабо Верде: 123,47%

Португалија: 117,55%

Барбадос: 115,41%

Сингапур: 114,10%

Поврзани вести

Влада: Податоците за раст на индустриското производство што ги објави ДЗС се потврда за стабилниот и одржлив раст на земјава

msp-admin

ЕЛЕКТРОИЗГРАДБА доби 1 милион евра од Град Скопје за одржување јавно осветлување и градски часовници

Влатко Зорба

Народна банка ја намали основната каматна стапка на 2 отсто

Никола Поповски