СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ФИТР станува првата сертифицирана државна институција со Стандард за спречување на корупција

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) го имплементираше ISO 37001:2017, со што стана првата државна институција сертифицирана со меѓународниот Стандард за спречување корупција.

Како што соопшти, стандардизацијата за спречување на корупција има за цел континуирано и темелно спроведување на политиката на нула толеранција за мито и корупција. Усогласеноста со овој меѓународен стандард овозможува имплементација на разумни и пропорционални механизми за превенција и откривање, како и конкретни мерки против корупцијата.

-Борбата против корупцијата и криминалот е еден од врвните приоритети на Владата, и затоа бара вклученост од сите институции. Од исклучителна важност е меѓуинституционалната соработка, размената на информации и координации, на што од почетокот на мојот мандат ставив посебен фокус.ФИТР е позитивен пример за вклученоста на институциите во спречувањето на корупција и драго ми е што е првата државна институција која доби ИСО сертификат 37001, со кој се определуваат обврските и должностите на Фондот во делот на спречување корупција, одговорностите на вработените во спроведување на активности поврзани со спречување на мито и корупција и друго, изјави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски.

ИПК: Македонија оди наназад и надолу во борбата против корупцијата

Тој очекува имлементацијата на овој сертификат, да придонесе за подигнување на свеста за негативните последици од корупцијата за целокупното општество и да даде придонес во целиот процес.

-Како координатор на надлежните антикорупциски институции, овој сертификат ќе предложам да го имплементираат и останатите државни институции. Борбата против корупцијата и криминалот е заедничка, и очекувам сите да дадеме придонес во искоренувањето на оваа појава што го поткопува општеството, буџетот, економијата и враќа државата назад, рече Николовски.

Воведувањето на ИСО 37001:2017 ги вклучува и вработените, нивната одговорност и работа која треба да биде посветена на јавниот интерес, како и на ангажираните лица во Фондот и други лица поврзани со институцијата во спроведување на активности поврзани со спречување на мито и корупција и примена на принципите дефинирани во политиката на Фондот. За таа цел, обезбедени се информации и упатства како за вработените така и за ангажираните лица и поврзаните лица со Фондот, со цел препознавање и справување на проблеми поврзани со мито и корупција.

-Сертифицирањето беше спроведено на иницијатива на Фондот а обезбедувањето на глобално призанен Стандард претставува уште една потврда за успешноста на процесите и политиките на ФИТР. Верувам дека сертификацијата ќе ја надгради довербата кон Фондот како институција која претставува значаен промотор на иновациската дејност, технолошки и економски раст и развој во државата. Се надевам дека ФИТР ќе биде и силен импулс за другите државни институции, да го следат нашиот пример за сертификација и спроведување на овој Стандард, како иницијатива повеќе за транспарентен и одговорен јавен сектор, нагласи директорот на ФИТР, Коста Петров.

Процесот на стандардизација и имплементирање на ИСО 37001:2017 во ФИТР се одвиваше изминатите шест месеци.

Поврзани вести

Ангеловска-Бежоска: Нефункционалните кредити сведени на историски најниско ниво

Кој најбрзо доаѓа до работа и во услови на пандемија?

Stefanija Kuzmanovska

Објавена Mапа на вработеност на Западен Балкан

Влатко Зорба