СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.8% на месечно ниво, а за 3.1 % на годишно ниво.

Во декември 2020, во споредба со ноември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.3 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.7 %.

Во декември 2020, во споредба со декември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 10.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.3 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7.2 %.

Поврзани вести

„Жито полог“ го купува „Скопско поле“ за 200 милиони денари

Влатко Зорба

Глобалниот економски раст ќе падне за 5,2 проценти оваа година, што би било најдлабока рецесија по Втората светска војна

НБ ќе ја известува ЕК за фалсификувани ковани евра

Влатко Зорба