СТАНДАРД life
Фитнес

Пет совети кои ќе ви помогнат брзо да ослабете

За оние кои за својата форма се сетиле во последен момент, сигурно добро ќе им дојдат неколку брзи, но исто така и здрави совети.

Овие едноставни трикови помагаат во надуеност или ако едноставно сакате да се чувствувате подобро.

1. Јадете квалитетни оброци

Иако цело време кажуваат дека треба да јадеме често и во мали количини, едно истражување тврди дека е препорачливо да се јадат неколку конкретни оброци дневно. Квалитетен појадок, ручек и лесна вечера се најдобар избор.

2. Вежбајте, но умерено

Во една студија научниците ја споредиле групата која вежбала 30 минути со оние кои вежбале еден час.

Групата која помалку вежбала, била повеќе активна и во другите делови на денот, а и подобро слабееле.

Изберете помеѓу две опции: вежбајте 30 минути дневно во текот на четири дена или вежбајте повеќе, но движете се низ целиот ден за здрав метаболизмот.

3. Јадете житарки

Оние кои ги јадат се послаби од оние кои не ги јадат. Јадете ги неколку пати на ден. Можете да ги комбинирате со некои здрави слатки и/или со смути.

4. Не јадете баш сè од чинијата

Слушајте го вашето тело и јадете колку што навистина ви е потребно. Немојте да изедете баш сè, оставете неколку залаци во чинијата. Нутриционистите проценуваат дека на овој начин во организмот ќе внесете и до 200 калории помалку!

5. Ништо без вода

Ако пиете вода, ги избегнувате дополнителните калории: 3,5 dcl газирани пијалаци имаат 150 калории, а алкохолни пијалаци од 170 калории, колку што има виното, до 300 калории, колку што содржи просечен коктел.

Не сте љубител на обична вода? Додадете вкус по желба – неколку капки сок од лимон или неколку свежи лисја нане!

Поврзани вести

Вежба која трае една минута: Правете ја секој ден и за два месеци ќе имате затегнато тело!

Urednik

📽 17-минутниот тренинг на Крис Хемсворт ќе ги зајакне вашите мускули: Ова е тајната на неговиот добар изглед

Urednik

Експерти: Еве како да согорите повеќе калории за време на вежбањето

Urednik