СТАНДАРД life
Фитнес

Вежба која трае една минута: Правете ја секој ден и за два месеци ќе имате затегнато тело!

Ослободете се од вишокот килограми со планк една минута дневно. Овој предизвик трае 28 дена, но ако го продолжите на, да речеме, месец и пол до два месеци, до Нова Година ќе го имате телото што отсекогаш сте го посакувале.

Оваа вежба од една минута може да се продолжи, но не подолго од 240 секунди, а за оние кои можеби сега си велат: „Одлично, можам да го направам тоа“, веднаш бидете свесни дека не е воопшто лесна, без разлика на времетраењето. Ова е најнапорната вежба бидејќи ги активира сите мускули, но за возврат ќе имате затегнато тело. Ако истраете!

Најдобар план за оваа вежба е постепено да се прави и да се зголеми времето, иако многумина велат дека резултатот го постигнале правејќи ја само една минута дневно.

Нашиот предлог за 28 дена вежбање е следниот:

Првите четири дена: 20 секунди
Петти и шести ден: 40 секунди
Седми и осми ден: 45 секунди
Деветти, десетти и единаесетти ден: 60 секунди
Дванаесетти, тринаесетти, четиринаесетти, петнаесетти и шеснаесетти ден: 90 секунди
Од седумнаесеттиот до дваесет и третиот ден: 150 секунди
Од дваесет и третиот до дваесет и петтиот ден: 180 секунди
Од дваесет и шестиот до дваесет и седмиот ден: 240 секунди
И на дваесет и осмиот ден, колку што можете да издржите над 240 секунди.

Како ја правите вежбата?

Потпрете се на земја со лактите, нозете исправени, грбот исправен, стапалата на ширина на колковите. Тоа е позиција како да треба да направите склекови, но да се одморите на земја со подлактиците. Останете во таа положба како што е планирано за тој ден. Ако ви е тешко, можете малку да се подигнете на рацете, а потоа повторно да ги спуштите за да издржат одредено време.

Втора вежба

Страничниот планк ќе ги активира страничните мускули. Потпрете се на едната рака, додека другата рака е испружена на колкот или високо подигната кон таванот. Нозете треба да се потпираат една на друга.

Направете ја истата вежба на другата страна.

Најдобро е оваа вежба да ја правите дома, не ви треба посебна опрема и подготовка, туку ви треба волја и упорност во текот на 28 дена.

Поврзани вести

Колку треба да го тренирате задникот за да има резултат?

Urednik

Пилатес или јога: Кој тренинг е подобар?

Radmila Tasevska

📽 17-минутниот тренинг на Крис Хемсворт ќе ги зајакне вашите мускули: Ова е тајната на неговиот добар изглед

Urednik