Најџела Лосон е светски позната слаткарка и една од најпопуларните ТВ личности кога станува збор за емисии за готвење. Нејзините рецепти се познати по својата едноставност и неодолив вкус, а само еден таков десерт е нејзиниот чизкејк со Нутела, омилена на многумина.
Оригинално наречен Nutella cheesecake, овој десерт ќе ги воодушеви дури и оние кои не се големи љубители на колачот бидејќи содржи совршена комбинација од бисквити, лешници, чоколаден намаз и воздушесто, освежително сирење.
Покрај фантастичниот вкус, една од најголемите предности е фактот – тоа што не се пече! Се што ви треба се само неколку состојки, па освен што не треба да ја вклучите рерната, не мора да се грижите за многу јадења или да поминувате часови и часови во кујната.