СТАНДАРД life
Здравје

Безалкохолното пиво може да биде опасно по здравјето – подложно е на развој на опасни бактерии?

Редовното пиење премногу алкохол може да го зголеми ризикот од болести, вклучувајќи срцеви заболувања, заболувања на црниот дроб и рак. „Крафт“ пивото со нула проценти алкохол може да стане почва за бактерии како E. coli и салмонела, открија американските научници. Тоа значи дека можеби е подобро да се придржувате кон обичното пиво умерено, предложија тие.

Студијата покажа дека пиењето безалкохолно пиво може да ве изложи на ризик да добиете непријатни бактерии, пренесе City Magazine.

„Традиционалното пиво генерално се смета за безбедно од патогени преку храната поради неколку пречки, вклучувајќи: концентрација на алкохол, горчливи киселини од хмељ, ниска pH вредност, високи количини на растворен јаглерод диоксид и ниски нивоа на кислород“, рече д-р. Ен Чарлс Вегдал од Универзитетот Корнел.

– Кога една или повеќе од овие бариери се отсутни или на недоволно ниво, пивото може да стане чувствително на опстанокот и растот на патогените“, додаде таа.

Популарноста на пивата без алкохол или пивата со ниска содржина на алкохол расте, а продажбата скокна за 23 проценти во текот на изминатата година во споредба со претходните 12 месеци. Овие пијалоци често се сметаат за поздрава алтернатива, бидејќи истражувањата покажуваат дека тие ја намалуваат штетата што пиењето му ја нанесува на телото.

Пијте алкохолно пиво во умерени количини!

Редовното пиење премногу алкохол може да го зголеми ризикот од болести, вклучувајќи срцеви заболувања, заболувања на црниот дроб и рак. Но, експертите препорачуваат умерени количини.

Најновата студија, објавена во „Журналот за заштита на храната“, ја разгледа потенцијалната опасност што безалкохолните пива можат да ја претставуваат кога станува збор за засолниште на бактерии. Истражувачите ставаат мали количини од пет видови бактерии, вклучувајќи E. coli и салмонела во безалкохолни и нискоалкохолни пива.

Пивата потоа биле ставени во складирање на 4°C и 14°C за 63 дена за да се види дали бактериите ќе преживеат. Откриле дека се развиваат во пиво без алкохол на двете температури.

Пивото со ниска содржина на алкохол од 3,2 отсто, кое се чувало на 4°C, не содржи бактерии, но мали количини од нив биле пронајдени на 14°C.

– Оваа студија ја покажува потребата производителите на пијалоци да дадат приоритет и да ги одржуваат плановите за безбедност на храната заедно со практиките специфични за производителите на пиво со низок процент на алкохол и безалкохолно пиво, рече др. Чарлс-Вегдал.

Поврзани вести

Прекрасен зачин кој го намалува холестеролот, спас е за лошото варење и е моќен афродизијак

Urednik

Овој витамин ви е потребен за слабеење

Urednik

Едноставен лек против воспаление на грлото, ангина…

Urednik