СТАНДАРД life
Храна

Hallongrottor колачи – уживање со потекло од Шведска

Денеска ви го пренесуваме оригиналниот рецепт за Hallongrottor колачи со џем, кој потекува од Шведска.

Ќе се стопите од љубов кога ќе ги пробате:

Состојки:

* 125 гр путер
* 1/3 чаша шеќер
* 4/4 чаша брашно
* 1/5 чаша компиров скроб
* една лажичка ванилин шеќер
* половина лажичка прашок за пециво
* околу 65 гр џем од малини

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени

Во голем сад измешајте ги шеќерот и путерот.

Измешајте го брашното со компировиот скроб, ванилин шеќер и прашок за пециво.

Соединете ја смесата од брашно со смесата од шеќер и путер заедно.

Измешајте ги со лажица додека не се создаде целосно тесто. Направете го тестото во форма на ролати.

Сечете на колку парчиња сакате, стандардната препорака е 22 парчиња.

Тестото обликувајте го во топчиња и ставете го во хартиени чаши за кекси.

На секое топче направете дупка. Потоа наполнете 3/4 од секое топче со џем од малини.

Печете во рерна околу 10 до 12 минути.

На здравје!

Овошен колач од малини без потреба од печење

Поврзани вести

Карамел пита со јаболка

Radmila Tasevska

Посна фритата: Лесен оброк полн со витамини

Urednik

Домашни „Ferrero Rocher“ топчиња

Urednik