Кремастиот колач со праски е идеален особено за летните денови, бидејќи е освежителен, а толку е сочен, што се топи во устата.
Кога колачот е на маса, секогаш сакате залак повеќе!
Состојки:
* 3 јајца
* 3 лажици гранулиран шеќер
* 3 лажици масло
* 3 лажици млеко
* 3 лажици брашно
* 1 ванилин шеќер
* 1 прашок за пециво
* излупени и сечкани праски
* 2 пудинзи со слатка павлака
* 600 мл млеко
* 1 шлаг
Подготовка:
Почнете со подготовката на бисквитот – изматете јајца, додадете шеќер и ванила и продолжете со матење. Додадете масло и млеко, прашок за пециво и брашно, продолжете со мешањето.
Истурете ја смесата во калапот и печете 15 минути на 200 степени.
Врелиот бисквит прелијте го со малку млеко, наредете ги праските, а врз нив ставете го претходно сварениот пудинг.
Оставете да се излади, па декорирајте со шлаг.
На здравје!