СТАНДАРД life
Храна

Колач со пудинг и јаболка: Можете да го направите во секое време од годината

РЕЦЕПТОТ за колач со јаболка и пудинг е неверојатно едноставен, а вкусот победува веќе на првиот залак.

Неговата подготовка не може да биде полесна, а не може да биде подобар вкусот. Пробајте го и уверете се сами.

Состојки:

* Бисквити за основата
* 1 кг излупени и исечкани јаболка
* 1/2 литар вода
* 6 лажици шеќер
* 2 ванилин шеќер
* 2 пудинзи од ванила
* 1 шлаг

Подготовка:

Во тавата се става бисквити (количината зависи од големината на тавата).

Во длабок сад ставете ги исчистените и исечкани јаболка, шеќерот и водата. Гответе додека јаболката не почнат да се распаѓаат. Додадете ванилин шеќер. Во таа смеса додадете два пудинга од ванила измешани во малку вода. Гответе уште неколку минути, па со врелиот фил прелијте ги бисквитите.

Се остава да се излади и потоа се премачкува колачот со шлаг.

На здравје!

Поврзани вести

Елка од тесто се јаде веднаш: Кујната нека стане вашето креативно катче во домот

Urednik

Лутеница која потсетува на детството – пробајте го рецептот!

Urednik

Колач со сланина и кромид

Radmila Tasevska