Богат солен колач со сланина и млад кромид може да подготвите на едноставен начин.
Состојки:
200 гр брашно
100 гр путер
100 гр сирење
1 прашак за печиво
3 китки млад кромид
150 гр чадена сланина
3 лажици зејтин
2 лажици презли
4 јајца
2,5 дл павлака
100 гр кашкавал
сол, бибер
Приготвување:
- Во соодветен сад се ставаат брашното, путерот, сирењето, прашокот за печиво и малку сол и се замесува тесто. Приготвеното тесто се витка во фолија и се остава во фрижидер 30 минути.
- Кромидот се сече на тркалца, сланината на ленти, кашкавалот се ренда, а белките се двојат од жолчките.
- На малку зејтин се пропржува сланината, се додава младиот кромид и се вари околу 5 минути, се цеди од зејтинот и се остава да се излади.
- Жолчките се матат со павлаката и со сирењето па се додаваат кашкавалот и сланината со кромид. Белките се матат во цврста пена и се соединуваат со претходно приготвената смеса, се промешува и се зачинува по вкус.
- Тестото се вади од фрижидер па со сукало се развлекува на дебелина од 3 мм. Тркалезна тепсија се мачка со зејтин, се поросува со брашно а дното на тепсијата се прекрива со развлеченото тесто. Тестото на дното се боцка со виљушка, па се отстранува тестото што преминува преку страните од тепсијата.
- Тестото во тепсијата се поросува со презли, па се става приготвената смеса. Колачот се пече во рерна на 180°Ц 40 минути, додека не порумени.