СТАНДАРД life
Храна

Крем супа со пченка

Ако не сте премногу гладни, крем супата може да послужи како целосен оброк.

Супата од пченка има одличен вкус и ќе донесе нешто ново во вашето мени.

Мерењата во рецептот се за 8 лица, така што имате избор дали сакате да ги намалите или да ја јадете супата два дена.

Состојки:

* 2 лажици екстра девствено маслиново масло
*1 главица црн кромид
*2 лажици путер
*2 чешниња лук
*мајчина душица по вкус
*1/4 чаша интегрално брашно
*1,5 литри супа од зеленчук
*2 чаши кисела павлака
*1/2 кг пченка
*2 парчиња компири
*сол, бибер, сечкан магдонос по вкус

Подготовка:

Загрејте го путерот и 1 лажица екстра девствено маслиново масло во тенџере на средна топлина. Додадете ситно сечкан кромид, лук, мајчина душица и динстајте додека зеленчукот не омекне, до 10 минути. Зеленчукот посипете го со интегрално брашно и убаво измешајте да се соедини смесата.

Додадете ја супата од зеленчук и оставете да зоврие. Многумина, ако немаат чорба, користат супа од коцка. Додадете ја павлаката и компирот, откако ќе зоврие, варете на повисока температура уште 7 минути додека компирот целосно не омекне.

После тоа, додадете ја пченката во супата. Зачинете со сол и бибер по вкус и оставете да се вари околу 10 минути. Посипете со магдонос и додадете уште една лажица екстра девствено маслиново масло.

На здравје!

Поврзани вести

Рецепт за тирамису од костен: Вистински есенски деликатес

Urednik

Рецепт за пита со месо: Брза и лесна подготовка на вкусен појадок

Urednik

Печено пилешко на селски начин

Radmila Tasevska