СТАНДАРД life
Храна

Лесен и брз за подготовка, посен колач од просо и чиа семе

Рецепт за лесен и брз посен колач од просо и чиа семе од нутриционистот Емилија Спасовска Мојсовска.

За подготовка на овој колач потребни се следните намирници:

2 банани
200 г просо +-
100 г чиа семе +-
300 – 400 мл растително млеко
100 – 200 г вишни (Користев замрзнати)
Кокос и јатки по желба

Начин на подготовка:

Испасирајте ги бананите, додадете го просото, чиа семето, додадете го млекото и измешајте, потоа додадте ги вишните, наросете со кокос и ситно сецкани јаткасти плодови по желба.

Печете околу 25 мин на 200 степени.

Наздравје!

Поврзани вести

Рецепт за принцес крофни

Urednik

Посна салата со ориз

Radmila Tasevska

Желбата за одредена храна има значење

Radmila Tasevska