Легендата вели дека тирамису е најдобар пријател на кафето, што љубителите на овој десерт секако можат да го потврдат.
Ова е традиционално италијанско слатко, кое често се гледа на нашите трпези. Овој кремаст десерт не само што е вкусен, туку и многу лесен за подготовка, особено кога е подготвен по оригиналниот италијански рецепт.
Состојки:
* 4 јајца
* 6 dl кафе засладено со 3 лажички шеќер
* 100 гр шеќер
* 500 гр маскарпоне сирење
* 400 гр пишкоти
* какао
Подготовка:
Подгответе два сада и одвојте ги жолчките од белките во нив. Потоа изматете ги белките и додадете 50 грама шеќер. Матете додека не станат кремасти.
Изматете ги жолчките со преостанатата количина шеќер. Кога ќе се измати додадете го маскарпонето и со миксер измазнете ја смесата. После тоа додадете ги изматените белки.
Постепено додавајте ги белките и мешајте по секоја додадена лажица.
Премачкајте го дното на садот со овој добиен крем. Слојот не треба да биде премногу тенок, но ниту премногу дебел, бидејќи филот ќе ви треба и подоцна.
Истурете топло кафе во сад, а потоа натопете го целиот бисквит во него. Наредете ги натопените бисквити над филот во садот.
Сега покријте ги бисквитите со уште еден слој фил, по што постапката треба да се повтори со бисквитите.
Овој ред бисквити прелијте го со преостанатиот крем. Посипете го колачот со какао и оставете го во фрижидер најмалку два часа.
На здравје!