Домаќините обично го подготвуваат ова јадење за некои свечени пригоди, па Новата година е одлична можност за тоа.
Печеното пиле полнето со кашкавал и печурки сигурно ќе го задоволи вашето семејство или пријатели.
Еве што ви е потребно за да подготвите печено пилешко полнети со сирење и печурки:
* Едно пиле
За полнење:
* рендан кашкавал – 100 гр
* сирење – 150 гр
* димен кашкавал – 50 гр.
* печурки – 150 гр
* кисели краставички – 2 парчиња
* бибер
За подмачкување на пилешкото:
* кечап – 2 лажици
* сенф – 1 лажица
* мајонез – 3 лажици
* масло – 50 ml
* бибер
* црвен пипер – 1 лажица
* сол
И уште:
* пиво – 200 ml
* компири – 1 кг
* моркови – 3 парчиња
Подготовка:
Пилешкото се мие и суши, одвнатре убаво се мачка со сол и се става во соодветен сад за печење.
Печурките се сечат на парчиња и се динстаат во путер додека не се подготвени. Во соодветен сад за печење измешајте ги кашкавалот, ренданото сирење и коцките димен кашкавал, печурките, исечканите кисели краставички, бибер.
Наполнете го пилешкото со вака направениот фил и отворот зашијте го со конец.
За премачкување измешајте кечап, сенф, мајонез, сол, бибер и пипер, убаво измешајте и премачкајте го целото пилешко од сите страни.
Пилешкото се пече во рерна, по желба можете на дното од рерната да ставите крупно исечени и зачинети компири и рен, одозгора ставете подмачкано полнето пиле, прелијте со масло, пиво и малку вода.
Полнетото пиле се пече околу 2 часа на 200 степени, што секако зависи од вашата рерна.
На здравје!