СТАНДАРД life
Храна

Пире од компири со динстан кромид

Пирето од компири е секогаш одличен додаток на јадењата, особено ако имате време да го направите без помош на инстант кеси.

Овој рецепт ќе додаде малку боја на вашето пире од компири, благодарение на додавањето на една состојка.

Состојки:

* 4-5 големи компири
* 2 средни главици кромид
* 1 дл млеко
* сол

Подготовка:

Исчистете ги компирите и оставете ги да отстојат во вода околу 10 минути. Потоа на загреана рингла сварете ги компирите, повремено додавајќи вода, доколку е потребно.

Додека се варат компирите, на средна температура пропржете го кромидот кој претходно сте го излупиле и исечкале на коцки. Варете го неколку минути, додека не порумени.

Компирот е готов кога ќе можете да поминете низ него со вилушка и веднаш да го „изгмечите“. Кога е готов, процедете го.

Во длабока тава ставете ги варените компири и почнете да ги пасирате. Пред целосно да го изгмечите, додадете млеко и динстаниот кромид и една кафена лажичка сол. За посната верзија на овој рецепт, доволно е само да употребите малку растително млеко.

Продолжете со матење додека не исчезнат сите грутки од компирот.

На здравје!

Салата од компири и јајца – гарнир или комплетен оброк

Поврзани вести

Осо буко со зеленчук! Италијански специјалитет за цело семејство

Urednik

Пуслици полнети со чоколадо: Божиќен рецепт што секој може да го направи

Urednik

Посна паштета од ослич и сардина

Urednik