Леб кој ќе го сакате:
Состојки:
* 420 гр пченично брашно
* 400 мл млака вода
* 2 лажички морска сол
* 2 лажички инстант квасец во прав
Подготовка:
Измешајте ги сувите состојки во голем сад: брашно, морска сол и инстант квасец.
Истурете ја топлата вода во брашното и измешајте ги состојките додека не се соединат. Тестото ќе биде влажно.
Покријте го тестото со памучна крпа и оставете го да нарасне околу два часа.
Кога ќе истече ова време, загрејте ја рерната на 220 степени и со покриената тава од леано железо поставете внатре.
Набрашнете големо парче хартија за печење и префрлете го тестото врз него. Обликувајте топка. Горниот дел од тестото исечете го со нож на неколку места.
Тестото со хартијата се става во загреаната тава и се става во рерна поклопено 35 минути.
Отворете го капакот и печете го лебот уште 10 минути додека кората не добие убава златно-кафеава боја.
Оставете го лебот целосно да се излади, односно најмалку 30 минути пред да го исечете.
На здравје!