СТАНДАРД life
Храна

Рецепт за пикник-пита: Комбинација од шунка и зеленчук за одличен додаток на оброците

Шкотска или пикник-пита е вистинскиот начин за „украсување“ на главното јадење, а одлично делува како самостоен оброк.

„Ако не знаете што да додадете на пита, додадете се и питата ќе биде добра“, како што вели народот.

Затоа рецептот за пикник-питата е вистински рај на вкусовите.

Состојки:

* 3 јајца
* 1 дл масло
* чаша млеко
* 150 гр брашно
* кеса со сув квасец
* половина лажичка сол
* 6 ситно сечкани кисели краставички
* 150 гр рендано сирење
* 150 гр ситно сечкана шунка
* 150 гр чери домати

Подготовка:

Изматете ги јајцата во сад. Потоа додадете масло и млеко и сè соединете.

Постепено додавајте сол, краставички, чери домати, шунка и сирење и повторно измешајте сè.

Потоа се додава сувиот квасец, па постепено се додава брашното. Промешајте повторно.

Смесата истурете ја во намрсен плех и печете во загреана рерна на 200 степени 15 до 20 минути додека не порумени.

Питата може да стои и до три дена, иако сигурно ќе се изеде многу брзо.

На здравје!

Пита со тиква – највкусното есенско уживање

Поврзани вести

Никогаш не фрлајте конзервирано рибино масло: Дури и познатите готвачи го користат поради оваа причина

Radmila Tasevska

Идеја за совршен летен ручек: Рендани пржени тиквички

Urednik

Сè уште не сте го пробале ова: Рецепт за палачинки во микробранова печка

Radmila Tasevska