Турската кујна е позната по своите зачини, што ја прави специфична и препознатлива. Меѓу другото, има и рецепт за салеп, ароматично топло млеко кое е единствено во светот.
Салепскиот прав е, инаку, исушени, мелени корени на неколку видови орхидеи. Во рецептот подолу, можете да користите и алтернатива – пченичен скроб.
Состојки:
* 1 л. млеко
* 1 лажица салеп (во прав) или пченичен скроб
* 1 лажица цимет
* 1 лажица шеќер
Подготовка:
Во мало тенџере ставете една лажица салеп и шеќер, прелијте со чаша млеко и мешајте додека шеќерот малку не се раствори.
Ставете го на шпорет и варете на ниска температура со повремено мешање околу 10 минути.
Кога ќе биде готов, истурете го во чаши и посипете со цимет, колку што сакате.
На здравје!