Вистинска штрудла со мак (афион) е онаа со многу фил.
Денеска ви носиме докажан рецепт за најбрзата штрудла со мак:
Состојки за филот:
* 400 гр. мелени семки од афион
* 400 мл. слатко млеко
* 100-200 гр. шеќер
* 1 ванилин шеќер
* 3 лажици џем од сливи
* 3 белки
Потребно за тесто:
* 3 жолчки
* 4 лажици шеќер
* прстофат сол
* 15 гр. квасец
* 1 прашок за пециво
* 150 мл. млеко
* 250 гр. маргарин или путер или домашна маст
* 550-600 гр. брашно
Подготовка:
Направете го тестото со активирање на квасецот, па замесете тесто од 3 жолчки, шеќер, сол, прашок за пециво, брашно.
Додека тестото мирува, филот го правите така што ќе го натопите афионот во топло млеко во кое сте го измешале шеќерот. Кога афионот ќе го впие млекото и ќе се „надува“, додадете ванилин шеќер, изматените белки и џемот од сливи.
Тестото развлечете го што потенко, па покријте го со подготвениот фил. Кога ќе ја свиткате штрудлата според саканиот калап, печете ја 15 минути на 200 Целзиусови степени, а потоа уште 25 минути на 180 Целзиусови степени.
На здравје!