Ручекот може да биде вистинска тортура доколку бара часови и часови готвење, а да не зборуваме за идејата, купувањето и подготовката. Но, може да биде и песна ако се подготви во само неколку чекори.
Светската здравствена организација ја прогласи медитеранската диета за најздрав вид на исхрана во светот и ја препорачува на сите кои сакаат да живеат здрав живот.
Нутриционистката Џесика Бол подготви за Yahoo цела серија рецепти од медитеранската кујна кои се подготвуваат во само неколку чекори.
Ова е рецепт од многуте рецепти за едноставно јадење направено од здрави состојки кои можете да го послужите како ручек или како прилог.
Ќе забележите дека рецептот е преполн со многу хранливи состојки како лиснат зеленчук, морска храна, мешунки, цели зрна и здрави масла.
Лосос со ориз
Состојки:
100 гр лосос
1 лажичка масло од авокадо
Малку сол
1 шолја ориз
1 чаша вода
2 лажички мајонез
1 лажичка слатко оризово вино
Половина лажичка рендан ѓумбир
Половина лажичка пиперка
Половина зрело авокадо исечено на коцки
Половина свежа краставица исечкана на коцки
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200°C. Парчињата лосос ставете ги во тавче покриено со хартија за печење, попрскајте ги со масло и сол. Печете од осум до 10 минути.
2. Сварете го оризот според упатството на пакувањето. Потоа измешајте го со мајонез, а во посебен сад измешајте вино од ориз, ѓумбир, бибер и сол.
3. Поделете го оризот во два сада. Најпрво ставете го лососот одозгора, а потоа авокадото и краставицата, а потоа сè покријте со подготвениот прелив.