СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Аеродромите во Црна Гора ќе изгубат најмалку 14,1 милиони евра во спорови со своите работници

Аеродромите во Црна Гора ќе изгубат најмалку 14,1 милиони евра во спорови со своите работници поради неправилно пресметани плати за периодот од август 2008 година до декември 2018 година, се наведува во ревизорскиот извештај на компанијата за 2019 година.

Според извештајот, доставен до надлежните институции минатата недела, загубите може да бидат уште поголеми, бидејќи судските спорови со 239 работници сè уште не се завршени.

Сега, профитот на Аеродромот ќе се намали ретроактивно за споменатата сума, што ќе предизвика огромна штета на компанијата, и индиректно на јавните финансии, поради загуба на дивиденда.

Останува нејасно како е можно платите и другите надоместоци на вработените на Аеродромите да биле незаконски пресметувани за десет години, а тоа е забележано дури во 2019 година, кога владата ја започна постапката за давање аеродром под концесија на странски партнери.

Во ревизорскиот извештај, меѓу другото, се наведува дека Аеродромите добиле донација од италијанската Влада во износ од 281.000 евра за прелиминарниот проект за модернизација на аеродромот во Тиват, со планирано финансирање од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Аеродромите се обврзаа да ја вратат оваа донација, зголемена за надоместоци и трошоци, во случај да не биде склучен договорот за заем со ЕБОР, па во ревизорскиот извештај се наведува дека вкупната штета како резултат на нереализираниот договор и враќањето на донацијата ќе изнесува 401.000 евра, пишуваат црногорските медиуми.

Поврзани вести

Фунтата продолжува да паѓа

msp-admin

Дали е-возилата се наменети само за богатите? „Еуро 7“ се заканува да избрише десетици илјади работни места

Влатко Зорба

Rimac собира до 150 милиони евра свеж капитал за Bugatti

Влатко Зорба