СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Huawei изгледа подготвува паметен часовник во серијата Nova

Претходно оваа година, Huawei аплицираше за задржување на брендот Nova Watch во Кина. Ова сугерира дека компанијата го подготвува својот прв паметен часовник во серијата Nova.

Традиционално, уредите што се дел од оваа линија се подостапни и се насочени главно на помлади корисници. Во оваа фаза нема дополнителни информации за првиот часовник во серијата, но очекуваме наскоро да се појави.

Можно е по продажбата на Honor од компанијата да ги насочат своите напори кон развој на линијата Nova, како поевтини уреди. Останува да видиме дали идниот часовник ќе го користи сопствениот оперативен систем на HarmonyOS.

Поврзани вести

ЕУ ќе формира заедничката сајбер единица за справување со зголемениот онлајн криминал

Stefanija Kuzmanovska

Камерата на Huawei Mate 30 Pro 5G е на врвот на листата на DXOMARK

msp-admin

WhatsApp нема да работи на постари смартфони со Android и iOS од 1 февруари

msp-admin