Amazon го тужи Пентагон за договорот за облачни услуги вреден 10 милијарди американски долари, што го освои Microsoft кон крајот на октомври, пренесува АП.
Жалбата со која се оспорува договорот е поднесена вчера во федералниот суд. Тендерот за огромниот проект, познат како JEDI – Joint Enterprise Defense Infrastructure), ги исправи еден против друг водечките технолошки гиганти Microsoft, Amazon, Oracle и IBM.
Огромната нарачка го привлече вниманието на јавноста и во раните фази на процесот се појавија шпекулации дека победник ќе биде Amazon. Oracle и IBM ги повлекоа своите понуди и официјално го оспорија тендерот минатата година. Подоцна, Oracle го оспори случајот на суд, но го изгуби.
Новиот систем ќе складира и обработува големи количини на класифицирани податоци, овозможувајќи им на вооружените сили на САД да користат вештачка интелигенција за да го забрзаат военото планирање и борбената способност.
Договорот беше победа за облачната платформа на Microsoft- Azure, која долго време се обидуваше да се израмни со лидерот на пазарот – Amazon.