СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Амазон“ почна да продава монтажни куќи

Интернет компанијата „Амазон“ во својата понуда внесе и продажба на мали брзомонтажни куќи. Наводно поради големиот раст на цените на недвижнини, трендот на изградба на овие куќи владее низ цел свет, не само во Америка.

„Амазон“ моментално во својата понуда има десетина различни модели од 10 до 40 квадратни метри. Иако мали, овие монтажни недвижнини имаат се – од кујна и тоалет, па се до дневна и спална соба која е сместена во поткровје.

Купувањето е едноставно, а се испорачува низ целиот свет. Цените се движат од 15.000 долари за наједноставните, па нагоре.

Според податоците од „Амазон“, куќичките одлично се продаваат. За нивното поставување не е потребна ни градежна дозвола, а вселувањето е најдоцна за 2 дена.

Поврзани вести

Huawei OptiX SuperSite овозможува супер брз пристап во дигиталниот свет

Влатко Зорба

Apple останува без AirPods Pro пред празниците

msp-admin

„Светот се оддалечува од сценариото за нова Студена војна“

msp-admin