СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Американски ИТ гигант тврди: Работното време од 9 до 17 часот е МРТВО

Американскиот софтверски гигант „Сејлсфорс“ заклучи дека работата во осумчасовни смени е скоро застарена и „мртва“, па затоа претставниците на таа компанија решија да им дозволат на вработените да работат од далечина.

Се приклучуваат на „Фејсбук“ и „Мајкрософт“

Компанијата на тој начин им се придружува на другите технолошки фирми како што се „Фејсбук“ и „Мајкрософт“ кои објавија трајни политики за работа од дома како одговор на пандемијата на коронавирус.

„Сејлсфорс“ објави дека „работниот ден од 9 до 17 часот е мртов“ и дека ќе им овозможи на вработените да изберат една од трите категории што одредуваат колку често ќе бидат во канцеларија.

Компанијата, исто така, ќе им даде на вработените поголема слобода да избираат како ќе изгледа нивниот дневен распоред.

„Во нашиот секогаш вклучен, секогаш поврзан свет, веќе нема смисла да се очекува вработените да работат осумчасовна смена и успешно да ја вршат својата работа“, додаваат од компанијата.

Тие посочуваат дека многумина мораат да ги носат своите деца на училиште, да се грижат за болните членови на семејството и дека сето ова е причина зошто вработените не треба да доаѓаат секој ден на работа во строга осумчасовна смена.

Нова политика за вработување надвор од скапите урбани центри

Тие исто така посочуваат дека отстранувањето на строгите услови во канцеларијата ќе им овозможи на „Сејлсфорс“ да ангажира нови вработени надвор од скапите урбани центри како што се Сан Франциско и Њујорк.

Објавата на блогот дефинира три различни категории на работа: флексибилна, целосно далечинска и канцелариска. Во канцеларија би се доаѓало еднаш или три пати неделно и обично само за тимска соработка, состаноци и презентации, прецизираат тие.

Вработените во канцеларија ќе бидат „најмалку бројната популација на нашата работна сила“ и ќе се однесуваат само на вработените кои, заради природата на нивната работа, треба да бидат во канцеларија четири до пет дена во неделата, додаваат од компанијата.

„Наша одговорност е како работодавачи да ги оспособиме нашите луѓе да ја завршат работата за време на распоредот што најдобро им одговара на нив и на нивните тимови, и затоа ќе обезбедиме флексибилни опции за да им помогнеме да бидат уште попродуктивни“, напишаа претставници на „Сејлсфорс“ во блог.

Поврзани вести

Студија: Apple Pay го очекува светла иднина

msp-admin

„Хјундаи“ повлекува дел од своето производство од САД

Влатко Зорба

Како казната од 2,8 милијарди долари донесе раст на „Alibaba“ за 40 милијарди?

Влатко Зорба