СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Apple испорачал 30,7 милиони часовници во 2019 година

Apple Watch доминира на пазарот за паметни часовници, но се чини дека уредите во серијата се толку популарни што тие ја надминуваат дури и целата швајцарска индустрија за часовници.

Според фирмата за пазарни истражувања Strategy Analytics (SА), Apple испорачал 30,7 милиони часовници во 2019 година, што претставува скок во текот на една година од 36%.

За споредба, сите швајцарски производители на часовници испорачале 21,1 милиони уреди во овој период, што е намалување за 13% од 2018 година. SА соопшти дека аналогните часовници остануваат популарни кај постарите корисници, но помладите избираат паметни модели.

Apple успева да ги пласира своите производи преку подлабоки продажни канали, а времето за соодветен одговор од швајцарските производители истекува.

Поврзани вести

Фондот одлучи: Објавени имињата на четирите банки преку кои ќе се обесштетат депонентите на Еуростандард банка

Никола Поповски

Просечната нето плата во март изнесува 26.422 денари

msp-admin

Норвешка блокираше продажба на стратешка компанија на Русите

Влатко Зорба