СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Apple ја надмина вредноста на 100-те највредни британски компании

Вредноста на американската технолошка компанија Apple продолжи да расте и денес ја надмина вредноста на сите компании кои се наоѓаат на списокот на 100 највредни компании во Велика Британија, ФТСЕ 100, пренесува Би-Би-Си.

Вредноста на акциите на Apple се зголеми за четири проценти на берзата во вторникот, со што компанијата вреди 2,3 трилиони долари или 1,7 трилиони фунти, додека вредноста на сите компании на списокот FTSE 100 е 1,5 трилиони фунти.

Пред две недели, Apple стана првата американска компанија, чија вредност достигна 2.000 милијарди долари.

Инвеститорите проценуваат дека причината за ваквиот раст на акциите и побарувачката за нив е последица на пандемијата, бидејќи многу луѓе се потпираат на технологијата, работат и купуваат од дома, а Apple е еден од најголемите добитници од таквата состојба.

Поврзани вести

Битиќи: Поднесени се 34.000 апликации за финансиска помош за компаниите

msp-admin

Германската индустрија очекува подобрување во 2021 година

Влатко Зорба

„Мајкрософт“ го презема „ТикТок“ уште од септември

msp-admin