СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Apple ќе го разгледа прашањето за Крим

Претставник на технолошката компанија Apple внимателно ќе го изучи прашањето за спорните граници на Крим, откако во апликациите „Карти“ и „Време“ во оперативниот систем на Apple, полуостровот Крим беше прикажан како дел од Русија.

Се верува дека компанијата го направила тоа под притисок на Русија, бидејќи промените се видливи само за корисниците на Apple во таа земја. Додека за корисниците во сите други земји во светот, вклучително и Украина, не е покажано на која земја спаѓа полуостровот.

Украина претходно изрази протест до американскиот технолошки гигант поради тоа што во географските карти на овие апликации Крим стана дел од Русија.

За САД, ЕУ и огромен број на земји во светот Крим е дел од Украина, и тие сметаат дека земјата е незаконски окупирана од Русија која го анектираше полуостровот во 2014 година.

Поврзани вести

Како „Амазон“ заработува од коронавирусот: Над 23 милијарди долари за само 100 дена

msp-admin

Се бараат градежници, техничари, работници во услужните дејности…Слободни 9000 работни места

Берта Китинска

Што е цел на мерката „Викенд без ДДВ“?

msp-admin