Apple се согласи да плати отштета од 113 милиони американски долари за аферата „batterygate“, во која намерно ги забавуваа старите модели на iPhone со надградба на софтверот. Корисниците на тие уреди поднесоа тужба против Apple, а во тужбата се наведува дека на овој начин се обиделе да ги принудат корисниците да купуваат нови модели.
Обидот на Apple да ја прикрие вистината предизвика гнев кај корисниците ширум Америка, а државите Аризона, Арканзас и Индијана започнаа истрага во 2017 година. Сега спогодба падна, но и законска обврска Apple да биде потранспарентна во иднина.
Скандалот започна во 2017 година, кога корисниците на iPhone забележаа дека нивните постари модели на телефони забавуваат откако ја ажурираа поновата верзија на iOS оперативниот систем на Apple.
Во декември, Apple призна дека постарите модели навистина забавиле, проследено со јавно извинување и понуда за корисниците – попуст за замена на батеријата.
Тоа не ги задоволи критичарите, меѓу кои беше и американскиот конгрес. Во март, Apple се согласи да исплати 500 милиони долари отштета, од кои на одреден број корисници им беа вратени 25 долари. Договорот од 113 милиони е втор, овојпат со 34 американски држави.