Основачот и извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос, продаде акции на таа компанија во вредност од 2,5 милијарди долари.
При пресметување на данокот, Безос ќе добие 1,9 милијарди долари. Тој сега „вреди“ околу 192,6 милијарди долари, што значи дека останува на позицијата најбогат во светот, пред Елон Маск на Тесла.
Овие трансакции се прва продажба на акциите на Амазон оваа година. Минатата година Безос продаде повеќе од 10 милијарди долари во акции во три серии – во август, ноември и февруари.
Безос продаде вкупно скоро 740.000 акции на „Амазон“ оваа недела, по цени што се движат од 3.274 до 3.485 американски долари по акција. Трансакциите се дел од однапред утврден план за истовар на акции на компанијата. Тоа остава близу 52,5 проценти од акциите на Амазон во сопственост на Џеф Безос.
Тој пред новинарите во 2017 година изјави дека продал акции во вредност од милијарда долари за една година, со цел да ја спаси компанијата за вселенски истражувања „Блу Ориџин“, што тој самиот ја создаде.
Не е јасно дали продажбата оваа недела е наменета за финансирање на компанијата „Блу Ориџин“, која вчера ја започна аукцијата за едно место на првиот комерцијален вселенски лет, закажана за 20 јули.
На почетокот на оваа година, Безос преку писмо до вработените објави дека ќе се повлече од функцијата извршен директор на „Амазон“ и рече дека ќе се фокусира на други компании, како што се „Блу Ориџн“ и „Вашингтон Пост“.